Бројот на суспендирани вработени во јавниот сектор достигна до 45.484 лица

Во рамките на истрагите во врска со обидот за воен удар извршен од страна на ФЕТО/ПДЈ на 15 јули досега се суспендирани од работа 45.484 вработени во јавниот сектор

535817
Бројот на суспендирани вработени во јавниот сектор  достигна до 45.484 лица

Бројот на вработените во државниот сектор кои се суспендирани од работа во рамките на истрагите во врска со обидот за воен удар извршен на 15 јули од страна на терористичката организација Фетуллахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ достигна до 45.484 лица.

Во рамките на поведените истраги се разрешени од должност 954 вработени во јавниот сектор.

Во министерството за образование се суспендирани 21.738 вработени за кои е установено дека се поврзани со терористичката организација Фетуллахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Во министерството за наука, индустрија и технологија се суспендирани 560, во министерството за економија 15, министерството за семејство и социјални политики 599 вработени.

Од страна на министерството за одбрана се суспендирани 262 воени судии и јавни обвинители.

Во Турскиот институт за статистика (ТУИК) се суспендирани 21, во министерството за развој 82 вработени, а се разрешени од должност 5 мина генерални секретари на Агенцијата за развој.

Во Генералната дирекција на државното претпријатие за менаџмент со аеродромските услуги (ДХМИ) се отстранети од должност 139 вработени, а во Институцијата за регулирање на пазарот на тутун и алкохол 8 вработени.

Во рамките на истрагите во  Управата за колективни станови (ТОКИ) се суспендирани 62-јца вработени, а во А. Д. за кабловска Телевизија и стопанисување за сателитска комуникација ТУРКСАТ се раскинати договорите за работа на 29 лица.

Бројот на суспендираните вработени во министерството за транспорт, поморство и комуникација достигна до 529 лица, во министерството за шумарство и водостопанство 197, а во министерството за информатички технологии 170 лица.

Во Турската радио-телевизија ТРТ е донесена одлука за отстранување од работа на 300 вработени, а во Високиот совет за радио-телевизија (РТУК)  29 вработени.

Во министерството за животна средина и просторно планирање се разрешени од должност 70 вработени.



Слични вести