Вонредната состојба претставува нова револуционерна борба

Јас се гордеам со народот кој наместо да се затвори во домовите, излезе на улиците и ја одбрани својата иднина

534725
Вонредната состојба претставува нова револуционерна борба

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека вонредната состојба која беше прогласена на период од три месеци претставува нова револуционерна борба.

Вонредната состојба беше прогласена со цел да се обезбеди поздрава атмосфера за функционирање на демократските установи, рече Ердоган и потенцираше:

„Јас се гордеам со народот кој во овие тешки услови наместо да се затвори во домовите, излезе на улиците и ја одбрани својата иднина“.

Претседателот Ердоган во ексклузивното интервју за британската телевизија Ројтерс направи проценка на обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО на 15 јули и случувањата по обидот.

Ердоган потсети дека првата информација за обидот за воен удар ја добил од еден роднина, а откако бил сигурен дека навистина станува збор за обид, тогаш преку ТВ канали го повикал народот да излезат на улиците и плоштадите и се осврна ризичното патување од Мармарис, каде што се наоѓаше на одмор за Истанбул.

Штом пристигнав на аеродромот Ататурк во Истанбул, покрај ниските летови на државните авиони од страна на терористите, продолжив да ракводам со ситуацијата, рече Ердоган и дури следниот ден (16 јули) на пладне, откако беше воспоставена целосна контрола, преминав во куќата.

Излегувањето на народот на плоштадите и особено пред тенковите е невиден пример во историјата, рече Ердоган и подвлече:

„На тој начин уште еднаш на виделина беше изнесена волјата на народот и што се значи истата“.

15 јули навечер, бомбардирањето на зградите на Големото национално собрание на Турција, претседателскиот комлекс и Дирекцијата на полицијата покажа дека целта беше народот, рече претседателот Ердоган и дека во борбата против овој обид загинаа 246 жртви, а беа повредени 2 185 лица.

Гледано од економски аспект, Турција помина низ многу тешки услови, како и еден долг и макотрпен пат и се искачи на денешното ниво, рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека Турција ќе продолжи со сите инвестиции и проекти, нема да направиме никакви отстапки од финансиската дисциплина. За жал, меѓународните установи наместо демократијата, покажаа дека се на страната на пучистите.

Денес Турција има многу поголема потреба од братство и единство на граѓаните, рече Ердоган и подвлече дека без оглед на политичкиот поглед и став, не треба да го подржат овој обид за воен удар.



Слични вести