Владиниот документ за вонредна состојба усвоен во Собранието е објавен и во Службениот весник

Во денешниот број на Службениот весник се потсетува дека почнувајќи од 21 јули 2016 година четврток во 01:00 часот е прогласена вонредна состојба во траење од 90 дена на територијата на целата земја

534747
Владиниот документ за вонредна состојба усвоен во Собранието е објавен и во Службениот весник

Усвојувањето од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на владиниот документ за прогласување тримесечна вонредна состојба со добиена препорака од Советот за национална безбедност, е објавено и во Службениот весник на Република Турција.

Во денешниот број на Службениот весник се потсетува дека почнувајќи од 21 јули 2016 година четврток во 01:00 часот е прогласена вонредна состојба во траење од 90 дена на територијата на целата земја.

Одлуката за тримесечна вонредна состојба која на препорака на Советот за национална безбедност беше донесена на 20 јули на вчерашната седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беше изгласана со 346 гласа „за“.



Слични вести