Турската радио и телевизија нормално функционира

Денес во ТРТ се одржа состанок на работно тело во проширен состав со кој претседаваше генералниот директор Шенол Ѓока

535154
Турската радио и телевизија нормално функционира

Генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Шенол Ѓока изјави дека јавниот информативен сервис функционира нормално после упадот на пучистите во зградата на телевизијата ноќта на 15 јули кога беше извршен обид за воен удар во земјата.

Денес во ТРТ се одржа состанок на работно тело во проширен состав со кој претседаваше генералниот директор Шенол Ѓока.

Во излагањето на почетокот на состанокот генералниот директор Ѓока рече: најдобриот индикатор за тоа дека излеговме во пресрет на одбраната на демократијата таа судбоносна ноќ на 15 јули е што животот нормално се одвива без застои. Денес продолжуваме со редовниот состанокот на нашето работно тело без било какво задоцнување на кој ќе ги разгледаме предлозите за идниот период. Токму заради тоа им благодарам на сите членови работното тело како и на гостите кои одговорија на поканата на состанокот.



Слични вести