Нема повидлив доказ од бомбардирањето на седиштето на специјалните полициски сили

Премиерот Бинали Јилдирим го посети седиштето на специјалните полициски сили во Ѓолбаши

535198
Нема повидлив доказ од бомбардирањето на седиштето на специјалните полициски сили

Премиерот Бинали Јилдирим го посети седиштето на специјалните полициски сили во Ѓолбаши кај Анкара каде што за време на обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО загинаа 50 полицајци.

Во изјавата за печатот во врска со бомбардирањето на Управата на специјалните полициски сили, премиерот Јилдирим рече: Нема повидлив доказ од бомбардирањето на седиштето на специјалните полициски сили кој настан покажува до кое ниво достигна беззумието на организацијата.

Еден од најголемите докази дека обидот за воен удар беше извршен од страна на терористичката организација ФЕТО е самото бомбардирање на седиштето на специјалните полициски сили во Ѓолбаши, рече премиерот Јилдирим и потенцираше:

Зарем има поголем доказ од ова. Откажете се од поддршката на овие машини на смртта и монструми кои ги насочија тенковите врз својот народ, пукаа од воздух и копно, па дури исфрлаа и бомби од авионите, рече премиерот Јилдирим и ги предупреди земјите кои не реагираа доволно против терористичката организација.

Граѓаните не треба да бидат вознемирени и загрижени, рече Јилдирим и подвлече:

Мирот, спокојството и безбедноста на граѓаните е обезбедена. Покрај слабата веројатност, може да се појават лудаци кои можат да се раководат со чувство на освета и поразеност. Затоаги зголемуваме мерките против овие веројатности, рече Јилдирим.



Слични вести