„Нашето барање од САД е крајно обично и едноставно“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна барањето на Турција од САД врска со екстрадицијата на челникот на терористичката организација ФЕТО Фетуллах Ѓулен е крајно обично и едноставно

535321
„Нашето барање од САД е крајно обично и едноставно“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одговараше на прашањата на главниот и одговорен уредник на Одделот на информативните и спортски емисии на ТРТ Јашар Ташкин Коч и притоа истакна дека продолжуваат разговорите за екстрадиција на челникот на терористичката организација ФЕТО Фетуллах Ѓулен.

Велејќи дека барањето на Турција од САД е обично и едноставно, Чавушоглу рече дека доколку се соработува против секој вид тероризам треба да се добијат и конкретни резултати од оваа соработка.

Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција е отворена кон предлогот на САД за заедничка делегација и комисија, а исто така додаде дека се собрани потребните документи и докази кои се доставени до САД.

Велејќи дека се надева оти ќе се добијат поволни резултати во врска со екстрадицијата на челникот на терористичката организација ФЕТО Фетуллах Ѓулен, а во врска со тврдењата дека од страна на САД се бараат докази за негово предавање, Мевлут Чавушоглу рече: „Доказ претставува самиот акт.“    

Чавушоглу подвлече дека не треба да се дозволи Ѓулен да пребега во било која земја и рече: „Челникот на терористичката организација ФЕТО Фетуллах Ѓулен сакаме да го донесеме во земјата. Она што го бараме и од САД е крајно обично и едноставно. Не треба да го држите во вашата земја ова лице кое стои во позадината на обидот за воен удар во Турција.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека Турција го следи одблизу правниот процес и во врска со војниците-пучисти кои избегаа во соседна Грција.



Слични вести