Мевлит за душите на загинатите шехиди

Мевлидот се одржа после јатси намазот, а на истиот учествуваа над 3000 граѓани

534923
Мевлит за душите на загинатите шехиди

Во џамијата Бештепе која што се наоѓа во склопот на Претседателската палата во Анкара се одржа мевлит за душите на загинатите шехиди кои го положија животот ноќта на 15 јули кога беше изведен обидот за воен пуч кој заврши со целосен неуспех.

Мевлидот се одржа после  јатси намазот, а на истиот учествуваа над 3000 граѓани.

На сите верници во џамијата после мевлидот им беше раздадена топла чорба и вода подготвена од страна на готвачите на претседателската палата.

Инаку се уште голема група граѓани со државни знамиња во рацете  во знак на протест на реализираниот обид за воен удар се наоѓаат пред претседателската палата Бештепе во Анкара како чувари на демократијата.

Тие постојано извикуваат верски пароли и ги проколнуваат пучистите.



Слични вести