ФЕТО е вирус кој што метастазира

Тие се многу поголеми подмолници, кукавици, издајници и нечесни луѓе

535531
ФЕТО е вирус кој што метастазира

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

Ги знаевме сепаратистичко- терористичките организации во земјава, ДЕАШ, ПЈД, ЈПГ. Нивните дефиниции беа поинакви.

Во говорот што го одржа во салата за церемонии на Големото национално собрание на Турција, претседателот Ердоган рече:

Секако дека не сакав оваа средба да ја одржиме во атмосфера по вооружен обид за воен удар кој беше насочен против нашата правна држава. Но за жал, се случи по еден обид. Сакам да кажам дека навистина се разочарав од состојбата со која се соочив при обиколката на Собранието. Невозможно е оние кои што го извршија овој обид да бидат деца на нашата нација.

Ги знаевме терористичките сепаратистичко- терористичките организации во земјава, ДЕАШ, ПЈД, ЈПГ. Нивните дефиниции беа поинакви. Што велеа: тие истовремено се верска заедница, се бават со образование, немаат никаква работа со оружје. Нивната работа со оружјето е многу поинакво од другите. Тие се многу поголеми подмолници, кукавици, издајници и нечесни луѓе, бидејќи оружјето, авионите, хеликоптерите, тенковите, топовите, тешкото оружје купено со даноците и парите на народот, истото го вперија во народот, рече Ердоган.

Бараа координати според нив кои ќе им одговараат, ама не успеаја. Како не ви беше срам и жал, па ова е Собрание на народот, рече Ердоган и нагласи:

Вие се обидовте да ги убиете претставниците и пратениците на народот, вие се обидовте да го убиете народот. Затоа јас по телефон го поканив народот да излезе на улиците во сите градови на земјава. Напаѓачите не можеа да го пресметаат овој потег. Затоа се насочија кон собранието. Уште еднаш го повикувам народот да не ги напуштаат плоштадите и да продолжат да се собираат се до втората инструкција.

Терористичката организација ФЕТО е таков вирус кој што метастазира. Затоа треба добро да се истружи, а некојпат дури стружењето на истиот може да не е доволно. Бидејќи може повторно да се појави од најнеочекуваното место. Но ние сме принудени да го минимализираме, за да можеме да продолжиме по зацртаниот пат. Тие многу успешно се прикриваат и ја вршат својата работа. Споредбата со камелеон за нив ќе бие непочитување кон ова животно. Тие го надминуваат дури и камелеонот од аспект на своите активности, нагласи претседателот Ердоган.



Слични вести