„Вонредната состојба е за правилно и брзо функционирање на државните механизми“

Премиерот Бинали Јилдирим во својата порака преку Твитер истакна дека прогласената вонредна состојба е за правилно и брзо функционирање на државните механизми

534187
„Вонредната состојба е за правилно и брзо функционирање на државните механизми“

Премиерот Бинали Јилдирим преку својата официјална сметка на Твитер направи проценка на одлуката за прогласување вонредна состојба која беше соопштена од страна на претсеадтелот Реџеп Тајјип Ердоган.

Јилдирим во својата порака истакна дека прогласената вонредна состојба е за правилно и брзо функционирање на државните механизми.

Премиерот Бинали Јилдирим напиша: „Оваа донесена одлука не е насочена против секојдневниот живот нас нашиот народ, туку кон правилно и брзо функционирање на државните механизми. Излезете надвор и немојте да ги напуштите плоштадите. Одговорот што следеше по нашиот повик беше нашата најголема сила во спречувањето на воениот удар.“

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш кој исто така направи проценка на прогласената вонредна состојба истакна дека владата за борба против паралелната структура може да го искористи методот на објавување уредби со законска сила.

Велејќи дека условите на вонредната состојба важат само за борба против паралелната структура, Куртулмуш рече: „Собранието ќе продолжи да ги извршува своите рутински активности како законодавна власт.“

Во врска со одлуката за вонредна состојба министерот за внатрешни работи Ефкан Ала истакна дека истата нема да доведе до никакви негативности во животот на граѓаните и дека не треба да постои загриженост кај никого.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така истакна дека вонредната состојба е примена која се прогласува без двоумење и во Европа и светот и дека на ист начин и Турција за воспоставување на својата безбедност и демократија прогласи вонредна состојба.



Слични вести