Собранието ја одобри одлуката на Владата за вонредна состојба

Одобрението беше усвоено со 346 гласови од вкупно 461 пратеници кои учествуваа на гласањето

534575
Собранието ја одобри одлуката на Владата за вонредна состојба
ibrahim kalın.jpg

Големото национално собрание на Турција ја одобри одлуката на Владата за прогласување вонредна состојба во земјата почнувајќи од 21.07.2016.

Одобрението беше усвоено со 346 гласови од вкупно 461 пратеници кои учествуваа на гласањето.

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека во говорот што го одржа по усвојувањето на одобрението рече дека со одлуката за прогласување вонредна состојба во земјава по обидот за воен удар што започна вечерта на 15 јули, против демократскиот поредок и националната волја, се предвидува да се откријат сите пучисти кои учествуваа во обидот, да се утврди материјалната штета која е предизвикана, да се утврдат структурните проблеми и а се преземат потребните мерки и санкции.

Премиерот Јилдирим потенцираше дека на тој начин ќе се исчисти државата од четите на терористичката организација ФЕТО која со години се вгнезди во државната управа и ќе се укинат евентуалните можности за повторно разгорување на сите оние сили кои сакаат да нанесат штета на стабилноста и демократијата на земјата.

На вчерашниот состанок на Владата, на препорака на СОветот за безбедност беше усвоена одлука за прогласување тромесечна вонредна состојба во земјава.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш рече дека во случај на што поскоро нормализирање на условите, тогаш вонредната состојба може да трае најмногу до еден и пол месец.

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин рече дека вонредната состојба нема негативно да се одрази врз секојдневниот живот.

Во ексклузивното интервју за еден приватен ТВ канал, портпаролот Калин рече дека за следење поефикасен начин на судските постапки и правосудните работи, на државата ќе и се пружат нови можности.

Во освртот на барањето за повторно воспоставување на смртната казна, портпаролот рече дека „тоа ќе биде праведна казна“.



Слични вести