Претседателот Ердоган: Донесена е одлука за воведување на тримесечна вонредна состојба

Претседателот Ердоган доцна синоќа истакна дека Владата на препорака на Советот за национална безбедност прогласува тримесечна вонредна состојба на територијата на целата земја

533877
Претседателот Ердоган: Донесена е одлука за воведување на тримесечна вонредна состојба

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по состаноците на Советот за национална безбедност и состанокот на Владата ги соопшти донесените одлуки на крајот од овие два критични состаноци.

Претседателот Ердоган истакна дека Владата на препорака на Советот за национална безбедност прогласува тримесечна вонредна состојба на територијата на целата земја.

Велејќи дека благодарение на одлучниот став кој што беше презентиран од негова страна и од страна на владата и на противењето на народот обидот за воен удар на терористичката организација Фетуллах (ФЕТО) беше неуспешен, Ердоган рече: „Јас се гордеам со мојот народ. Овој обид за воен удар беше подложен на неуспех со отпорот и одлучноста кои што беа покажани лично од страна на народот. Притоа животот го загубија 246 недолжни луѓе и 1.536 наши недолжни граѓани беа повредени. Се гордеам со нашите јуначки безбедносни сили.“

Претседателот Ердоган истакна дека основна цел на прогласената вонредна состојба од страна на Владата не е да доведе до прекин на демократијата, туку напротив да ја зајакне и да обезбеди да бидат преземени неопходните мерки против заканата од тероризмот.

Ердоган нагласи дека оние кои остануваат безгласни пред земјите кои прогласуваат вонредна состојба и тоа во услови кои што не можат да се споредат со заканите со кои што се соочува Турција никако не можат да ја критикуваат оваа одлука на Владата.

Ердоган напомена дека економската стабилност во целата земја ќе продолжи и покажа остра реакција против меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ која ги намали кредитната перспектива и кредитната оценка на Турција.

Претседателот Ердоган посака од граѓаните да бидат сигурни во тоа дека нема да се направи никаква отстапка од демократијата и исто така посака да се знае дека Турските вооружени сили (ТВС) делуваат заедно со Владата.

Ердоган заврши со следните зборови: „Немојте да западнете во грижа. Турција ја надмина оваа катастрофа.“



Слични вести