Одлуката за воведување на тримесечна вонредна состојба објавена во Службениот весник

Одлуката на Владата донесена на препорака на Советот за национална безбедност за воведување на тримесечна вонредна состојба е објавена во Службениот весник

533875
Одлуката за воведување на тримесечна вонредна состојба објавена во Службениот весник

Одлуката за воведување на тримесечна вонредна состојба која на препорака на Советот за национална безбедност е прогласена од страна на Владата е објавена во Службениот весник на Република Турција.

Согласно објавената одлука во денешниот број на Службениот весник во рамките на членот 120 од Уставот и членот 3 став (б) од Законот за вонредна состојба број 2935 на територијата на целата земја почнувајќи од 21 јули 2016 година четврток од 01:00 во текот на 90 дена е прогласена вонредна состојба.

Одлуката донесена на препорака на Советот за безбедност е донесена со цел зајакнување на демократијата, правото и одбрана и зајакнување на слободите.



Слични вести