Голем број граѓани не ги напуштаат плоштадите ширум земјата

Голем број граѓани продолжуваат да се собираат на плоштадите ширум земјата во знак на протест против обидот за воен удар и за поддршка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и демократски избраната влада

533985
Голем број граѓани не ги напуштаат плоштадите ширум земјата

Граѓаните кои со повикот на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган уште од првиот ден не ги напуштија плоштадите продолжуваат со стража за чување на демократијата против обидот за воен удар на терористичката организација Фетуллах (ФЕТО) насекаде низ Турција.

Голем број граѓани на плоштадот Кизилај во Анкара продолжуваат да ја изнесуваат својата реакција против обидот за воен удар на терористичката организација Фетуллаф (ФЕТО).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу синоќа им се обрати на големиот број насобрани граѓани на плоштадот Кизилај.

Потсетувајќи дека припадниците на терористичката организација ФЕТО облечени во воена униформа вечерта на 15 јули се обидоа да извршат воен удар врз земјата, демократијата и народот, Чавушоглу рече: „Благодарение на цврстиот и исправен став на нашиот претседател, нашиот лидер Реџеп Тајјип Ердоган со кого тргнавме заедно на ова честито патување и на цврстиот став на нашата влада, но најважно од се благодарение на предвидувањето и храброста на нашиот народ кој се испречи пред танковите, легна пред тенковите, па дури го положи својот живот, фала му на бога турскиот народ му нанесе удар на тој обид за воен удар.“

На плоштадот Кизилај во Анкара во знак на поддршка синоќа дојдоа и голем број познати пеачи како Алишан, Мустафа Џеџели, Емре Алтуг, Нихат Доган, Давут Ѓулоглу, Бердан Мардини, Кутси, Дилбер Ај, познати личности од светот на телевизијата Еџе Еркен, популарните радио водители „Африканецот Али“, „Гезеген Мехмет“, познати личности од спортот техничкиот директор Јилмаз Вурал, поранешните фудбалери Тугај Керимоглу и Алпај Озалан, спортскиот водител на телевизискиот канал ТРТ Спор Ерсин Дузен и други познати личности.

Стотици илјади граѓани не ги напуштаат плоштадите и продолжуваат со протестите против обидот за воен удар и во Таксим, Кисикли и Есенлер во Истанбул.

На насобраните граѓани кои продолжуваат со стражата за чување на демократијата пред куќата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Кисикли во Истанбул синоќа им се обрати поранешниот претседател Абдуллах Ѓул кој рече: „Ако е спречено да дојдат многу помрачни денови за Турција и да бидат доживеани многу поголеми болки тоа е сторено со тоа што нашите честити граѓани заборавајќи на се излегоаа на улиците и се испречија пред тенковите за одбрана на Турција и на претседателот.“

Пред куќата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Кисикли во Истанбул беше и поранешниот премиер Ахмет Давутоглу.

На стражата за чување на демократијата и на плоштадот Таксим во Истанбул  претставниците на универзалните религии читаа молитви за жртвите кои ги загубија животите за време на обидот за воен удар и дадоа пораки за братство и единство.



Слични вести