Генералштабот започна истрага во врска со обидот за воен удар на 15 јули

Освен истрагата започната од страна на Републичкото Главно јавно обвинителство на Анкара и Генералштабот започна административна истрага во свои рамки во врска со обидот за воен удар на 15 јули

534392
Генералштабот започна истрага во врска со обидот за воен удар на 15 јули

Турските вооружени сили (ТВС) започнаа истрага во врска со обидот за воен удар на 15 јули извршен од страна на група терористи припадници на терористичката организација ФЕТО.

Освен истрагата започната од страна на Републичкото Главно јавно обвинителство на Анкара и Генералштабот води административна истрага во свои рамки. 

Генералштабот во рамките на оваа истрага истражува дали постоеле поддржувачи на обидот за воен удар особено меѓу дежурниот персонал во воените единици.

Во меѓувреме по наредба на началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар на дигиталната табела во Генералштабот се споделува фотографија на турското знаме со напис „Власта му припаѓа на народот“ и „Армијата и народот рака за рака“.



Слични вести