Театарските уметници денеска во Истанбул ќе одржат протестен марш „Да живее демократијата“

Членовите на Здружението на театарските глумци денеска заедно и со глумците на Градските театри на локалната самоуправа на Истанбул ќе одржат протестен марш против обидот за воен удар на терористичката орагнизација Фетуллах (ФЕТО)

533548
Театарските уметници денеска во Истанбул ќе одржат протестен марш „Да живее демократијата“

Театарските уметници денеска во Истанбул ќе одржат протестен марш „Да живее демократијата“...

Членовите на Здружението на театарските глумци денеска заедно и со глумците на Градските театри на локалната самоуправа на Истанбул ќе одржат протестен марш против обидот за воен удар на терористичката орагнизација Фетуллах (ФЕТО).

Во објавеното соопштение од здружението се истакнува дека  обидот за воен удар е извршен врз татковината, народната волја и демократијата и се потсетува дека протестниот марш ќе започна утре во 16:00 часот според турско време пред театарската сцена Мухсин Ертугрул во Харбије под водство на театарските уметници на Градските театри на локалната самоуправа на Истанбул. 

Во објавеното соопштение во кое се осудува обидот за воен удар се вели следното: „(Обидот за воен удар) беше поразен пред одлучниот став на нашиот народ, нашите јуначки полициски сили и достоинствениот персонал на нашите турски вооружени сили. Ги проколнуваме бунтот и предавничките и кукавички напади кои беа свирепо испланирани и се сакаше да бидат ставени во примена од страна на предавниците на татковината. Посакуваме да продолжат единството и заедничкиот дух на делување кои беа презентирани под водство и одлучниот став на нашиот претседател и достоинствената сплотеност на претседателот на нашето собрание заедно и со власта, опозицијата и политичките партии. Секогаш демократија. Да живее демократијата. да живее слободата.“

Во соопштението се посакува милост од Аллах и се изразува сочувство за жртвите кои ги положија своите животи во име на демократијата, а исто така се посакува трпение од нивните семејства и блиски додека на повредените им се посакува побрзо оздравување.



Слични вести