Сеуште не може да се каже дека е воспоставена целосна контрола

Треба да ја сфатат ѕагриженоста на Турција, бидејћи немаат никаква потреба за било каков доказ

533656
Сеуште не може да се каже дека е воспоставена целосна контрола

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека покрај тоа што се преземени сите потребни мерки и санкции за воспоставување на контролата во земјата по обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО на 15 јули, не може да се каже дека е воспоставена целосна контрола.

Министерот Чавушоглу додаде дека во интервјуто за Вашингтон пост рече:

На 15 јули Турција се соочи со обид за вооружен обид. Засега се е од контрола, но сеуште не можеме да кажеме дека целосно е надмината заканата. Затоа преземаме дополнителни мерки и санкции, продолжуваат истрагите и меѓудругото започнаа легални активности против приврзаниците на групата.

Сојузничките земји треба да покажат искрен и праведен став кон Турција и од нив очекуваме да покажат дека вистински пријатели во кои можеме да имаме доверба, рече Чавушоглу.

На прашањето: Дали САД, каде што престојува челникот на терористичката организација ФЕТО, ја сфаќа или не загриженоста на Турција, министерот Чавушоглу одговори:

Треба да ја сфатат, немаат никаква потреба за било каков доказ. На Џон Кери  претходно ми објаснив. Кери рече дека многу добро го сфатил прашањето и дека во врска со активностите на оваа група нивните разузнавачки служби ќе се стекнат со пошироки информации. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со ситуацијата го информираше американскиот претседател Барак Обама. По терористичкиот напад, треба да сфатат дека Ѓулен е челник на терористичка организација.

Во врска со екстрадицијата на Ѓулен на САД, односно не се одговори позитивно на очекувањата на Турција, какво влијание ќе одигра новонастанатата ситуација врз билатералните односи, министерот Чавушоглу рече:

Чувствата на турскиот народ потпаднаа под негативно влијание. Ние сме против евентуалното формирање неповолна перцепција кај турското општество против САД. За жал уште од војната во Ирак се намали поддршката на САД: Ние во минатото направивме се што е во наша можност за воспоставување на рамнотежата. САД треба да ги сфати чувствата на 80 милиони Турци. Ако САД не ги преземе потребните иницијативи и чекори, тогаш неизбежно е да дојде до неповолно влијание врз односите меѓу двете земји.  Во САД живее најлошиот терорист против Турција чија цел е турскиот народ. Тоа е неприфатлива ситуација за нас.

На прашањето во врска со евентуалниот неповолен одговор на САД на очекувањата на Турција и присуството на Турција во коалицијата против ДАЕШ, министерот Чавушоглу рече:

ДАЕШ е наш заеднички непријател. Цел на ДАЕШ е Турција. И да бидеме оставени насамо, ние сме принудени да војуваме против ДАЕШ, бидејќи тие се наоѓаат веднаш на спротивната страна на границата. Ние сме прва и најзначајна цел на ДАЕШ. САД е наш сојузник и придаваме големо значење на односите со САД. Турција и САД, остваруваме значајни работи за регионот. Воздушната база Инџирлик ја отворивме за САД и другите сојузнички земји. Водиме битка за стабилноста на  Сирија и Ирак. Имаме низа заеднички цели, заклучи министерот Чавушоглу.



Слични вести