Продолжуваат да пристигнуваат реакции од целиот свет против обидот за воен удар во Турција

По обидот за воен удар кој со силната поддршка на турскиот народ резултираше со неуспех продолжуваат да пристигнуваат реакции на овој предавнички бунт на терористичката организација Фетуллах (ФЕТО) против демократски избраната влада на Турција

533229
Продолжуваат да пристигнуваат реакции од целиот свет против обидот за воен удар во Турција

Продолжуваат да пристигнуваат реакции од целиот свет против обидот за воен удар на терористичката органзиација Фетуллах (ФЕТО).

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Хусејин Озѓурѓун истакна дека турскиот народ застана во одбрана на демократијата онака како што му доликуваше.

Велејќи дека кога ќе се доживее и најмал проблем во Турција тоа и тоа како се чувствува и во Северен Кипар, Озѓурѓун истакна дека онолку колку што се одвиваат добро работите во Турција и тоа се одразува толку позитивно и на Северен Кипар и дека онолку колку што постои спокојство и стабилност во Турција толку спокојство и стабилност постои и во Турската Република Северен Кипар.  

Премиерот на Турската Република Северен Кипар Хусејин Озѓурѓун рече: „Немам никакво сомневање дека турскиот народ ќе застане во одбрана на својата демократија и заеднички ќе го продолжиме нашиот пат онака како што му доликува на турскиот народ.“

Премиерот на Регионалната курдска управа во северен Ирак Нечирван Барзани рече: „Чувствуваме задоволство од тоа што се наоѓа на власт легитимната влада која ја доби поддршката на народот.“

Велејќи дека се радосни поради тоа што обидот за воен удар во Турција резултираше со неуспех и поради тоа што победи народната волја, Нечирван Барзани подвлече дека по повод неуспешниот обид за воен удар уште еднаш е докажано оти народната волја е над се.

Во меѓувреме пристигнува голема поддршка од граѓаните на отворената страница преку Фејсбук во Косово во знак на реакција против обидот за воен удар на терористичката организација Фетуллах (ФЕТО) и поддршка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Отворената страницата по име “Support for Erdogan from Kosovo” – Поддршка на Ердоган од Косово за само неколку минути доби повеќе од 22 илјади лајкови.

Внимание привлече тоа што пак страницата на која се споделуваат содржини против обидот за воен удар и пораки со поддршка на претседателот Ердоган доби поголем број посетители и лајкови и од сметките на косовските политичари на социјалните мрежи.



Слични вести