Претседателот Ердоган по обидот за воен удар за прв пат во Анкара
По обидот за воен удар претседателот Ердоган за прв пат допатува во Анкара каде што во претседателската палата во Бештепе го прими грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили


Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по предавничкиот бунт на група војници-пучисти припадници на терористичката организација Фетуллах (ФЕТО) кои ноќта на 15 јули во петокот се обидоа да извршат обид за воен удар, за прв пат допатува во Анкара.
Претседателот Ердоган кој од Истанбул допатува во Анкара во претседателската палата во Бештепе го прими грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили кој престојува во Анкара по повод состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Грузија.
На овој прием претседателот ердоган беше придружуван и од страна на премиерот Буинали Јилдирим.
Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган денеска (20 јули среда) ќе претседава со состаноците на Советот за национална безбедност и на Владата.