Порака од Генералштабот: Власта му припаѓа на народот

Генералштабот на дигиталната табела пред својата зграда во Анкара го истакна написот „Власта му припаѓа на народот“

533423
Порака од Генералштабот: Власта му припаѓа на народот

По обидот за воен удар на припадниците на терористичката организација Фетуллах (ФЕТО) на дигиталната табела пред Генералштабот во Анкара е истакнат написот „Власта му припаѓа на народот“.

За време на обидот за воен удар контролата во Генералштабот за извесно време премина во рацете на офицерите-пучисти и беа земени во заложништво началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар и други високи команданти.

Ноќта на 15 јули во петокот кога беше реализиран обидот за воен удар граѓаните се испречија пред тенковите и вооружените пучисти и ги спречија да ја остварат својата намера.

Поради тоа Генералштабот на овој став и отпор на граѓаните против пучистите се заблагодари со објавување на порака.

По наредба на началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар од дигиталната табела пред Генералштабот заедно со фотографија на турското знаме е споделен написот: „Власта му припаѓа на народот.“



Слични вести