Голем број граѓани продолжуваат со стражата за чување на демократијата во цела Турција
Синоќа голем број граѓани повторно држеа стража за чување на демократијата во Анкара каде што по истекот на работното време на плоштадот Кизилај се собраа илјадници лица со турски знамиња во рацете

Голем број граѓани кои со повикот на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган уште од првиот ден не ги напуштија плоштадите продолжуваат да држат стража за чување на демократијата против обидот за воен удар на терористичката организација Фетуллах (ФЕТО) насекаде низ Турција.
Синоќа голем број граѓани повторно држеа стража за чување на демократијата во Анкара каде што по истекот на работното време на плоштадот Кизилај се собраа илјадници лица со турски знамиња во рацете.
Од друга страна голем број граѓани продолжуваат да чуваат стража и околу претседателската палата во Бештепе каде што особено во вечерните часови се собираат голем број граѓани кои својот намаз го клањаат во џамијата Миллет (Народната џамија), а потоа се чита Куран-и Керим во чест на жртвите за време на обидот за воен удар.
Илјадници граѓани продолжуваат да чуваат стража и во Истанбул каде што на плоштадот Таксим се собираат голем број граѓани.
Голем број граѓани се собираат и пред куќата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Кисикли во Истанбул.
Со учество и на голем број уметници продолжува да се вели „Не за воен удар, да за демократија“.
На големиот број насобрани граѓани кои чуваат стража во име на демократијата во Сарачхане им се приклучи и градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш.