За вршител на должноста командант на Жандармеријата назначен генерал-полковник Ибрахим Јашар

На местото на командантот на Жандармеријата генерал на армија Галип Менди кој поради здравствени проблеми е префрлен на лекување во болницата ГАТА во Анкара за вршител на должноста командант на Жандармеријата е назначен генерал-полковник Ибрахим Јашар

533030
За вршител на должноста командант на Жандармеријата назначен генерал-полковник Ибрахим Јашар

Поради здравствени проблеми на местото на командантот на Жандармеријата генерал на армија Галип Менди за вршител на должноста командант на Жандармеријата е назначен генерал-полковник Ибрахим Јашар.

Според добиени информации од воени извори командантот на жандармеријата генерал на армија Галип Менди поради здравстевни проблеми е префрлен во болницата на Воената медицинска академија Ѓулхане (ГАТА) во Анкара.

По интервенцијата на лекарите генерал на армија Галип Менди остана на лекување во болница, а на негово место за вршител на должноста на командант на Жандармеријата е назначен генерал-полковник Ибрахим Јашар. 

Командантот на Жандармеријата генерал на армија Галип Менди кој беше земен во заложништво за време на обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО потоа беше ослободен во реализираната операција врз пучистите во четвртата воздушна база Акинџи во Анкара.

Потоа беше соопштено дека генерал на армија Галип Менди се вратил на својата должност командант на Жандармеријата.шшш



Слични вести