Состанок на Советот за национална безбедност под претседателство на претседателот Ердоган во Анкара

Под претседателство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган денеска во претседателската палата Бештепе во Анкара ќе се одржи состанок на Советот за национална безбедност

533056
Состанок на Советот за национална безбедност под претседателство на претседателот Ердоган во Анкара

Под претседателство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган денеска во претседателската палата во Бештепе во Анкара најпрвин во пладневните часови ќе се одржи состанок на Советот за национална безбедност (12:часот според турско време), а потоа попладне и состанок на Владата.

На овие два состаноци од крајно критично значење се очекува да се донесе една мошне значајна одлука која се очекува со голема заинтересираност не само од страна на домашната јавност, туку и од страна на целиот свет.

Претседателот Ердоган во понеделникот во доцните часови по полноќ говореше пред големиот број насобрани граѓани кои по обидот за воен удар на 15 јули продолжуваат со стража пред неговата куќа во Кисикли во Истанбул.

Во говорот што го одржа во оваа прилика претседателот Ердоган рече: „Владата прави значајни подготовки. Ќе го свикаме на состанок Советот за национална безбедност, а потоа ќе одржиме и состанок на Владата по што ќе соопштиме една мошне значајна одлука. Треба крајно брзо да донесеме одлука и крајно брзо да постигнеме резултат.“

Овие состаноци се значајни и по тоа што претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган од Истанбул каде што се наоѓаше по предавничкиот обид за воен удар ноќта на 15 јули во петокот, за прв пат допатува во Анкара каде што денеска најпрвин ќе претседава со состанокот на Советот за национална безбедност, а потоа и со состанокот на Владата. 



Слични вести