Соопштение од Турската радио и телевизија ТРТ

Генералната дирекција на Турската радио и телевизија во Анкара беше една од целите на пучистите ноќта на 15 јули кога беше извршен обидот за воен удар во Турција.

532938
Соопштение од Турската радио и телевизија ТРТ

Не водејќи сметка за слободата на печатот пучистите насилно упаднаа во просториите на јавниот радио и телевизиски сервис и ја натераа дежурната спикерка да го прочита во живо прогласот за воен удар.

По тој повод раководството на куќата се огласи со официјално соопштение во кое се истакнува следното:

На 15 јули беше извршен предавнички напад на националниот суверенитет и демократијата. Овој подол напад беше успешно спречен и одбиен со натчовечката храброст и пожртвуваност на народот и на силите за безбедност.

Крвниците убија голем број деца на оваа татковина, освен тоа во текот на реализацијата на овој бунт не беа поштедени ниту највиталните државни институции. Едната од нив беше гласот на националната свест, јавниот информативен сервис Турската радио и телевизија-ТРТ.

Куќата извесен период беше окупирана од пучистите а вработените беа приморани под закана и со сила да го прочитаат прогласот кој тие го имаа подготвено.

Пучистите кои не се воздржаа од бомбардирање на Парламентот и тоа со оружјето кое е во сопственост на народот кој му го има отстапено за одбрана од непријателите. Тие дури и пукаа во народот и убиваа невини цивили.

Цели на овој терористички акт беа виталните државни институции како и објекти на силите за безбедност.

О покрај тоа што работните простории на ТРТ беа окупирани на сосема брутален начин од страна на пучистите  сите вработени во куќата дотрчаа не водејќи сметка за опасноста која им се закануваше по нивниот живот, се со цел да ја одбранат ТРТ и да не ја предадат во рацете на терористите.

И покрај лошите услови гласот на ТРТ продолжи да се слуша низ целата земја.

Голема улога во спречувањето на обидот за воен пуч чија цел беа народот и државата имаа почитуваниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, почитуваниот премиер, политичките партии, членовите на владата, пратениците, граѓанските здруженија и иљадниците граѓани кои излегоа на улиците и застанаа во одбрана на државата,.Токму заради тоа им изразуваме голема благодарност на сите нив.

Исто така со пиетет се потсетуваме на сите оние кои го положија животот во битката против терористите и им пожелуваме брзо оздравување на ранетите и повредните во судирите со терористите.

Исто така голема благодарност до сите медиуми кои известуваа објективно за обидот за воен удар,како и на сите граѓани кои ноќта кога ТРТ беше под опсада на пучистите дојдоа и отворено не подржаа,поддршка до силите за безбедност.

Турската радио и телевизија како што беше досега и во иднина во рамките на своите уставни надлежности и со смислата за одговорно известување ќе продолжи да ја остварува својата информативна мисија.

Со почит до целата јавност



Слични вести