Бранот апсења во армијата нема битно да се одрази врз безбедносната состојба во Турција

Ова го истакна Ибрахим Калин портпарол на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган

532880
Бранот апсења во армијата нема битно да се одрази врз безбедносната состојба во Турција

Портпаролот на претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин се закани дека доколку САД не го депортираат челникот на терористичката организација ФЕТО Фетулах Ѓулен, тоа ќе биде сфатено како да му пружаат заштита на Ѓулен.

Калин ги демантира шпекулациите за тоа дека наводно имало информации за нерегистрирани воени возила и воени хеликоптери после обидот за воен удар на 15 јули во петокот.

Ибрахим Калин во изјава за еден приватен телевизиски канал додаде дека бранот апсења во армијата нема негативно да се одрази на борбата против терористичките организации ПКК и ДЕАШ.

Портпаролот Калин повтори дека обидот за воен удар бил реализиран од страна на помала фракција во армијата и дека сегашната ситуација нема битно да се одрази врз безбедносната состојба во Турција.



Слични вести