МВР, на социјалните мрежи се шират лажни вести и информации

Министерството за внатрешни работи на Турција издаде соопштение со кое ги предупредува граѓаните корисници на социјалните мрежи

531575
МВР, на социјалните мрежи се шират лажни вести и информации

Министерството за внатрешни работи на Турција издаде соопштение со кое ги предупредува граѓаните корисници на социјалните мрежи да бидат повнимателни кон појавите на лажно информирање преку социјалните медиуми.

Во соопштението се вели следното.

Низ социјалните мрежи се шират лажни вести и информации со цел предизвикување раздор меѓу граѓаните.Тие се провокативни а намерата им е создавање и ширење недоверба, предизвикување раздор и сеење омраза меѓу народот.

Слично предупредување пристигна и од Твитер сметката на претседателот на републиката  со кое се бара од граѓаните да не им обратат внимание на лажните пропаганди што се шират преку интернет, туку да имаат доверба во службените вести и информации.



Слични вести