ЕУ силно го осуди обидот за воен удар во Турција

Советот за надворешни односи на ЕУ по одржаниот состанок во Брисел објави заедничко соопштение со кое силно го осуди обидот за пуч во Турција

532132
ЕУ силно го осуди обидот за воен удар во Турција

ЕУ силно го осуди обидот за пуч во Турција...

Советот за надворешни односи на ЕУ по одржаниот состанок во Брисел објави заедничко соопштение.

Во заедничкото соопштение се вели следното: „ЕУ силно го осудува обидот за пуч во Турција и ја повторува целосната поддршка на легитимните институции на земјата.“

Во соопштението ЕУ дава порака за солидарност со турскиот народ и се истакнува жалење поради загинатите за време на обидот за пуч.

Европските земји кои ставија потпис на заедничкото соопштение го изразија задоволството од заедничкиот став на политичките партии во Турција во однос на поддршката на турската демократија.



Слични вести