АНАЛИЗА: ПРЕДАВНИЧКИОТ БУНТ ЗАВРШИ СО НЕУСПЕХ

Предавниците облечени во воена униформа кои тенковите, авионите, хеликоптерите и оружјето на државата ги вперија против сопствените граѓани и отворија оган врз сопствените граѓани пред себе го најдоа народот

531881
АНАЛИЗА: ПРЕДАВНИЧКИОТ БУНТ ЗАВРШИ СО НЕУСПЕХ

Можеби за прв пат во историјата во светот еден народ од сите средини, од секоја верска припадност, секое политичко убедување и секоја социјална средина се испречи пред пучистите и ги спречи во нивната намера за приграбување на власта од рацете на народната волја.

Предавниците облечени во воена униформа кои тенковите, авионите, хеликоптерите и оружјето на државата ги вперија против сопствените граѓани и отворија оган врз сопствените граѓани пред себе го најдоа народот.

Ноќта на 15 јули 2016 година во петокот турскиот народ напиша еп: Се испречи пред предавниците велејќи: „Не можете да посегнете по мојата татковината, моето знаме, претседателот, собранието и неговите членови за кои гласав на демократски избори, моето единство и целовитост, моето верско убедување и мојот начин на живот.“

Вечна им слава на 208 припадници и чеда на татковината кои ги положија своите животи на овој пат. Нивната пролеана крв нема да остане неодмаздена.

Откако подлиот обид на предавничкиот нетворк кој инаку беше испланиран за 16 јули 2016 година во сабота во раните утрински часови, беше дешифриран, односно откриен, беше реализиран неколку часа порано вечерта на 15 јули 2016 година во петок вечер околу 22:00 часот. И доколку не беше поместен неколку часа напред и овој предавнички обид за бунт беше реализиран рано наутро на 16 јули во сабота можеби над турскиот народ ќе надвиснеше една голема катастрофа.

Овој предавнички план кој беше однапред откриен им беше соопштен на граѓаните лично од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој се појави пред телевизиските канали и го информираше народот за случувањата.

На повик на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим насекаде во земјата народот излезе на улиците и се испречи пред обидот за воен удар.

Првите знаци во врска со овој предавнички бунт се појавија со раздвиженоста на 15 јули во вечерните часови во петокот која беше забележана во Генералштабот во Анкара.

Се слушнаа истрели од Генералштабот и еден хеликоптер отвори оган врз големиот број насобрани граѓани.

Воени авиони со часови реализираа ниски летови над Анкара.

Од страна на воените авиони и воените хеликоптери со кои управуваа пучистите беше отворен оган врз голем број стратешки згради, некои места беа бомбардирани, а тенковите беа возени врз народот.

Со часови беа бомбардирани и беше отворен оган врз Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Националната разузнавачка служба МИТ, Полициската дирекција во Анкара и Центарот на специјалните полициски сили.

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар беше земен во заложништво од страна на група предавници кои се обидоа да реализираат воен удар.

Откако началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар одби да го потпише текстот за прогласување на таканаречена воена состојба во земјата му беше вперен пиштол во главата и му беше поставен ремен околу вратот со кој му беше стеган вратот. 

Во меѓувреме текстот во кој се велеше дека е прогласена таканаречена воена состојба во земјата беше објавен преку официјалната интернет страница на Турските вооружени сили.

Во текстот се велеше дека армијата ја презема власта во земјата.

Во истите часови група војници ги затворија за премин патиштата на висечките мостови над Босфорот „Богазичи“ и „Фатих Султан Мехмет“, а го блокираа за влез и излез и патот пред аеродромот Ататурк во Истанбул.

Во ист момент група војници насилно упаднаа и ја окупираа Турската државна радио-Телевизија ТРТ во Анкара.

Пучиститте насилно влегоа во просториите на ТРТ вршеа терор, ги легнаа на земја и им се заканија на вработените во телевизијата велејќи им дека ќе ги убијат доколку не ги исполнат нивните наредби.

Заканувајќи и се на спикерката ја присилија да го прочита текстот за таканаречен воен удар. 

Меѓутоа пучистите изоставија од вид едно, а тоа беше отпорот на народот.

Стотици илјади граѓани насекаде низ Турција со турски знамиња во рацете почнаа масовно да излегуваат на улиците и почнаа да ја покажат својата реакција испречувајќи се пред оние кои се обидоа да реализираат воен удар.

Вистинските команданти во турската армија ги повикаа предавниците кои се обидоа да реализираат воен удар да се вратат во своите касарни.

Со поддршката и на народот некои од пучистите кои влегоа насилно во Турската државна радио-телевизија ТРТ и го окупираа јавниот сервис беа приведани, а некои избегаа.

За кусо време емисиите на ТРТ се вратија во нормала.

Националната разузнавачка служба кусо време потоа соопшти дека нападот на пучистите е одбиен.

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар кој беше земен во заложништво од страна на групата војници пучисти и од кого до утрото не можеа да се добијат информации беше ослободен со успешно реализираната операција од страна на специјалните полициски сили на воздушната база Акинџилар каде беше држен во заложништво.

Беше откриено дека војниците пучисти на 15 јули во петок уште во 15:22 часот според турско време преку системот за порака на Генералштабот кој беше под нивна окупација им испратија директива на своите воени единици-приврзаници.

Во испратената директива составена од 3 страници и 20 точки се велеше дека на 16 јули во сабота, во 03:00 часот по полноќ ќе биде реализиран воен удар со кој ќе се преземе власта, а во 06:00 часот ќе беше ставена во примена забрана за излегување на улица, односно ќе беше прогласена воена состојба во земјата. 

Текстот за прогласување воена состојба во земјата кој што беше испратен од единиците на Генералштабот со незаконско влегување во нивниот систем за испраќање порака беше објавен со потпис на „Лидерот на Хунтата мир во земјата бригадниот генерал Мехмет Партикоч и бригадниот полковник Џемил Турхан.“

Во прилозите на текстот на ова соопштението пак беа внесени списоците со имињата и другите таканаречени назначувања на командите на воената состојба и судовите на воената состојба. 

Пучистот бригатен генерал Семих Терзи кој се обиде да ја земе под контрола Командата на специјалните сили беше застрелан во челото од страна на подифицерот на командантот на Специјалните сили генерал-мајор Зекаи Аксакалли.

Потоа храбриот подофицер беше убиен од страна на предавниците кои во придружба на бригадниот генерал пучист Терзи влегоа во Командата на специјалнте сили.

Некои војници кои беа приведени при обид да ја земат под своја контрола Командата на специјалните сили и кои откако беа сослушани беа уапсени признаа дека се наоружале во претседателската гарда.

Војниците пучисти кои беа уасени во своите изјави велеа вака: „На 15 јули под изговор дека ќе се реализира воена вежба војниците беа донесени во претседателската гарда. Овде на војниците им беа раздадени униформи, оружје и муниција.“

Обидот за воен удар кој што беше започнат од страна на група високи офицери-предавници припадници на терористичката организација Фетуллаф ФЕТО, организирани во Турските вооружени сили, благодарение на силната реакција на народот за приближно 22 часа беше спречен.

Назад останаа две сигурни работи.

Првата е тоа дека народот апсолутно, во никој случај нема да дозволи да се земе под хипотека неговата волја.

Втората пак дека оние кои отворија оган врз соопствениот народ и го бомбардираа Собранието никако не можат да се нарекуваат турски војници.



Слични вести