Заедничката декларација на сите четири партии во Собранието

Одлучниот став на собранието кој го покажа против обидот за воен удар навистина е исклучително значаен

530814
Заедничката декларација на сите четири партии во Собранието

На генералното заседание на Големото национално собрание на Турција беше прочитана заедничката декларација на четирите партии.

Содржината на декларацијата која беше прочитана од страна на претседателот на Собранието Исмаил Кахраман гласи:

Во својство на претставниците на сите групи на Партијата за правда и развој, Републиканската народна партија, Партијата за национално движење и Демократската партија на народите, остро го осудуваме обидот за воен удар и нападите врз Собранието кое ја претставува националната волја на големиот турски народ кои беа извршени ноќта на 15 јули и завршија утрото на 16 јули.

Народот покажа остар став против обидот за воен удар и го спречи истиот. Големиот турски народ кој по цена на своите животи ги заштити Република Турција и нејзините установи, ги заслужува сите пофалби и респект. На хероите кои загинаа за оваа цел целиот народ бескрајно им е благодарен и никогаш нема да ги заборавиме. Големото национално собрание на Турција со овластувањето со кое се стекна од народот, покрај тоа што беше изложен на бомбашки напади и куршуми, продолжи да ја врши својата должност и уште еднаш покажа дека му е достоен на својот народ. Народот обединет со голема храброст го покажа својот цврст и горд став против приврзаниците на обидот за воен удар.

Одлучниот став на собранието кој го покажа против обидот за воен удар навистина е исклучително значаен.

Одлучниот став на собранието кој го покажа против обидот за воен удар е исклучително значаен и од аспект на развојот на демократијата.

Сите треба многу добро да знаат дека сите оние кои ќе сакаат да му наштетат на нашиот народ, како денес така и во иднина ќе се соочи со челичната волја на Големото национално собрание на Турција. Собранието ќе продолжи да ја одразува непоколебливата верба на народот кон демократијата. Групите на сите политички партии во Собранието со вчерашниот заеднички став што го покажаа во борбата против обидот за воен удар, ќе бидат забележани во историјата. Овој заеднички став ќе допринесе кон зајакнување на националната волја и народот. Собранието функционира со сите свои сегменти и во рамките на правото, многу скапо ќе го наплати цехот на сите оние кои што се обидоа да го извршат овој напад против народот и суверенитетот на земјата. Најзначаен доказ за тоа дека во Турција ништо нема да биде како во минатото претставува токму објавувањето на оваа заедничка декларација. Сите четири партии, покрај различните погледи и ставови во однос на одредени прашања и проблеми, сите пратеници заедно, заедно со партиските организации сме на страната на националната волја. Сите заедно излегуваме во пресрет и ја штитиме националната волја и тоа ќе го оствариме бесконечно. Нашиот народ треба да биде смирен.

Исто така ги молиме граѓаните да се држат настрана од насилствата и демократските реакции кои не им доликуваат на нашиот народ. Вечна им слава на хероите на кои ќе се сеќаваме со чест и гордост. На повредените им посакуваме што побргу да им заздрават раните. Со почит ги поздравувавме сите пријателски и братски земји кои изразија поддршка и испратија пораки.

Потписници на декларацијата:

·        Исмаил Кахраман, Претседател на Големото национално собрание на Турција

·        Бинали Јилдирим, претседател на Партијата за правда и развој

·        Кемал Киличдароглу, претседател на Републиканската народна партија

·        Девлет Бахчели, претседател на Партијата за национално движење

·        Идриз Балукен, В.Д. претседател на Демократската партија на народите.



Слични вести