Уапсени 10 членови на Државниот совет

Продолжува истрагата на уште 38 членови на Државниот совет

530649
Уапсени 10 членови на Државниот совет
Danıştay.jpg

Уапсени 10 членови на Државниот совет за кои беше издадена потерница за апсење поради членство во терористичката организација ФЕТО.

Претседателот на Државниот совет Зерин Ѓунѓор, членовите на советот ги повика на консултативен состанок против обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО.

По поканата на претседателот на државниот совет, групата од околу 40 членови кои беа поканети на влезот на салата, истакнаа дека 20 те членови кои се наоѓаат во салата се приврзаници на паралелната група поради то не влегоа во салата.

Во меѓувреме, Републичкото обвинителство на Анкара во рамките на истрагата што ја започна во врска со обидот за воен удар, 10 од членовите на советот за кои постоеше наредба за апсење, еден по еден беа повикани од страна на полициските екипи и беа уапсени.

Откако беа качени во полициските автомобили, членовите на државниот совет чии имиња беа прочитани беа уапсени и пренесени во полицијата.

Продолжува истрагата на уште 38 членови на Државниот совет за кои постои основано сомневање за нивната поврзаност со терористичката организација ФЕТО.

Од друга страна пак, членството на 5 членови на Високиот совет на судии и обвинители (ХСЈК) падна по објавувањето на одлуката на Републичкото обвинителство во Анкара за нивно објавување.

Второто одделение на Високиот совет на судии и обвинители (ХСЈК) суспендира 2 745 судии.

Исто така беше донесена одлука за апсење на 140 членови на Врховниот суд.



Слични вести