Турскиот народ на светот му покажа како се спречува обид за воен удар

Никој не може да ја занемари волјата на народот

530719
Турскиот народ на светот му покажа како се спречува обид за воен удар

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала рече дека турскиот народ на светот му покажа како се спречува обид за воен удар.

Ала одговараше на прашањата на новинарите пред Собранието.

Никој не може да ја занемари волјата на народот, рече министерот Ала и ги повика граѓаните и вечер да излезат на улиците и да ја штитат состојбата.

Нема сомнение дека државните установи ја држат иницијативата во свои раце, рече Ала и додаде:

Нема некоја ризична ситуација. Но да не заборавиме дека беше бомбардирано и собранието. Имавме можност да бидеме сведоци на нечовечни напади.. Треба да бидеме претпазливи.

Државата ги презеде сите потребни превенции рече министерот Ала и изрази благодарност на народот за солидарноста.

Стотици граѓани со знамиња во рацете во исто време пред зградата на Големото национално собрание на Турција извикуваа слогани за поддршка на демократијата и против обидот за државен удар.



Слични вести