Нуман Куртулмуш рече дека е одбиен обидот за воен удар

Куртулмуш од граѓаните бараше да продолжат со поддршката на демократијата

530474
Нуман Куртулмуш рече дека е одбиен обидот за воен удар

Потпретседателот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш рече дека е одбиен обидот за воен удар.

Во освртот на обидот за воен удар во интервјуто во живо за ТРТ, потпретседателот Куртулмуш упати повик за единство и подвлече дека помина времето кога сите оние кои што имаат оружје во рацете, мислат дека ќе можат да извршат воен удар.

Куртулмуш од граѓаните бараше да продолжат со поддршката на демократијата и дека од моментот кога почна обидот, сите државни установи и институции се на задача.

Големото национално собрание на Турција, Владата, инволвираните министерства, сите државни установи и институции, нивните раководители со голема одговорност излегоа во пресрет на волјата на народот и ја извршија одговорноста која им беше дадена. Убеден сум дека ќе продолжат со поддршката и во иднина.

Нуман Куртулмуш упати до приврзаниците на Турските вооружени сили го упати следниот повик: Сите чесни офицери, подофицери и војници уште еднаш ги повикувам да бидат приврзани кон командниот синџир на Турските вооружени сили.



Слични вести