Ердоган од Обама побара челникот на терористичката организација ФЕТО да и се предаде на Турција

Ако навистина сме стратешки партнери, тогаш остварете го ова наше барање

530863
Ердоган од Обама побара челникот на терористичката организација ФЕТО да и се предаде на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган од американскиот претседател Барак Обама побара челникот на терористичката организација ФЕТО кој престојува во Пенсилванија да и се предаде на Турција.

Во говорот што го одржа пред куќата во Истанбул, претседателот Ердоган на претседателот Обама му се обрати со следните зборови:

Ако навистина сме стратешки партнери, тогаш остварете го ова наше барање.  

Лицата кои се обидоа да извршат воен удар во Турција претставуваа тумор во рамките на Турските вооружени сили. Сега се исчисти овој тумор и им благодарам на правосудните органи кои издадоа наредби за апсење на наведените лица, рече Ердоган.

Обидот за воен удар претставува операција на врвните умови кои не можат да го поднесат подемот на Турција, рече Ердоган и подвлече дека истиот беше спречен со излегувањето на народот на улиците и плоштадите.

Претседателот Ердоган од граѓаните побара да не наседнат на игрите и провокациите на надворешните сили кои сакаа да предизвикаат судири меѓу народот и Турските вооружени сили и упати повик за заеднички марш кон посветла иднина.

Земјата нема да им ја препуштиме на неколку терористи, подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести