Мевлут Чавушоглу во Баку се состана со својот азербејџански колега Елмар Мемедјаров

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот

530163
Мевлут Чавушоглу во Баку се состана со својот азербејџански колега Елмар Мемедјаров

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во официјална посета на Баку каде што најпрвин се состана со азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров со кого по средбата одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Чавушоглу истакна дека братските односи помеѓу претседателите на двете земји се одразуваат на сите димензии во односите, а исто така укажа и на тоа дека Турција и Азербејџан со инфраструктурниот проект „Патот на свилата“ надвор и од овој регион ќе станат центар во транспортот и трговијата.

Велејќи дека за реализација на различни проекти двете земји би можеле да соработуваат и со други земји, Мевлут Чавушоглу рече: „Располагаме со тројни механизми со земјите во овој регион. Турција-Азербејџан-Иран, Турција-Азербејџан-Туркменистан, Турција-Азербејџан-Грузија. Ние посакуваме да постои и троен механизам Турција-Азербејџан-Казахстан. Тоа го разгледавме и со нашите казачки браќа. Во иднина тоа може да се стави во примена. Дури можеме да ги оствариме со тројна средба и разговорите меѓу Турција-Азербејџан-Русија. Тоа е во корист на овој регион.“

Чавушоглу нагласи дека со својот азербејџански колега Елмар Мемедјаров направиле проценка и на средбите кои што во последно време продолжуваат да се водат интензивно во врска со решавањето на проблемот со Нагорно Карабах, а исто така напомена дека Турција го следи одблизу овој процес и ги поддржува разговорите кои што се водат за постигнување решение.

Потсетувајќи дека по соборувањето на рускиот воен авион кој на 24 ноември го прекрши турскиот воздушен простор властите во Москва донесоа низа одлуки, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека сега почнаа да се нормализираат билатералните односи и дека во таа насока постојат иницијативи за враќање назад во старите денови во туризмот и во трговијата.



Слични вести