Турска делегација на разговори во Москва

По остварената средба на 1 јули во Сочи помеѓу министрите за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров официјаните делегации на двете земји за прв пат се состанаа во Москва

529390
Турска делегација на разговори во Москва

Продолжуваат да се фрлаат интензивни чекори за нормализирање на турско-руските односи.

По остварената средба на 1 јули во Сочи помеѓу министрите за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров официјаните делегации на двете земји за прв пат се состанаа во Москва.

На дневниот ред на разговорите на состанокот на турските функционери од министерствата за надворешни работи, култура и туризам, транспорт, поморство и комуникација и за внатрешни работи како и претставници на туристичкиот сектор со нивните руски колеги се наоѓаат туризмот и билатералните односи.

Меѓу прашањата за кои што ќе се разговара на состанокот кој што се одржува на покана на Руската Федерација се наоѓаат повторното започнување на чартер летовите помеѓу двете земји, новите мерки во правец на безбедноста на туристите и соработката во сферата на туризмот.



Слични вести