Претседателот Ердоган го ратификува законот за персоналот на Турските вооружени сили

Претседателот Р. Т. Ердоган го ратификува законот за персоналот на Турските вооружени сили со кој им се обезбедува поголема правна заштита за водење на поефикасна борба против тероризмот

529040
Претседателот Ердоган го ратификува законот за персоналот на Турските вооружени сили

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го ратификува законот со кој се обезбедува правна заштита за персоналот на Турските вооружени сили за водење поефикасна борба против тероризмот.

Согласно овој закон Турските вооружени сили ќе можат да бидат задолжени како поддршка за полициските сили во борбата против тероризмот.

Кривичните дела за кои се тврди дека ги извршиле војниците за време на нивната задача во рамките на борбата против тероризмот ќе се сметаат за воени кривични дела.

Судските постапки во врска со одлуките, постапките и активностите на персоналот на Турските вооружени сили и административните раководители, полициските сили и другите службеници и државни функционери за време на исполнување на своите задачи ќе можат да се покренат само против државата.

За покренување истрага во врска со кривични дела за кои се тврди дека биле извршени од страна на началникот на Генералштабот и командантите на армиските родови за време на исполнување на своите задачи ќе се бара дозвола од премиерот, а за останатиот персонал на Турските вооружени сили ќе се бара дозвола од министерот за одбрана и министерот за внатрешни работи.

Истите одредби во врска со правната заштита за персоналот на Турските вооружени сили ќе се однесуваат и на привремените селски чувари и доброволните чувари.



Слични вести