„Постои потреба од изградба на нов Блиски исток над културата на компромис“

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека треба да се изгради нов Блиски исток над културата на компромис

529229
„Постои потреба од изградба на нов Блиски исток над културата на компромис“

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш во градот Конја говореше на Меѓународниот конгрес за културен туризам и медиуми во организација на Асоцијацијата на анадолските издавачи и во говорот што го одржа во оваа прилика истакна дека треба да се изгради нов Блиски исток.

Нагласувајќи дека Турција никако не се согласува на Блискиот исток да се затруе и огорчи животот на голем број луѓе со конфликти кои што произлегуваат од етничките и секташките разлики меѓу луѓето, Куртулмуш треба да се изгради нов Блиски исток над културата на компромис.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш привлече внимание дека во Сирија се води војна која 5 години како продолжува и рече: „Огнот отворен врз народот од страна на режимот, потоа граѓанска војна. И Сирија која со прокси војните е претворена во рушевини. Земја која е претворена во конфедерација на организации. Некои земји даваат поддршка на сето тоа и се обидуваат да се стекнат со регионална сила на Блискиот исток. Сето тоа се одразува негативно на Сирија. За 5 години животот го загубија 450 илјади луѓе. Најубавите градови на светот се претворени во рушевини.“



Слични вести