Интервју на премиерот Бинали Јилдирим за ББС

Премиерот Бинали Јилдирим во интервју за ББС истакна дека за уништување на една терористичка организација не може да се искористува друга терористичка организација

528986
Интервју на премиерот Бинали Јилдирим за ББС

Премиерот Бинали Јилдирим даде интервју за британскиот глобален информативен сервис ББС и притоа упатувајќи повик до западните земји кои и даваат поддршка на ПЈД во Сирија која пак инаку е продолжеток на терористичката организација ПКК рече: „За уништување на една терористичка организација не може да се искористува друга терористичка организација. Ако искористите една терористичка организација за уништување на друга, потоа таа терористичка организација ќе ви создаде неволја вам.“ 

Велејќи дека дојде времето кога треба да се променат некои работи во Сирија премиерот Бинали Јилдирим рече: „Во оваа земја животот го загубија повеќе од 500 илјади луѓе. Загинаа недолжни и невиви лица.“ 

Посочувајќи на тоа дека препрека рпед промената во Сирија е Асад, Јилдирим истакна дека и патот за решавање на проблемот со терористичката организација ДЕАШ поминува од формирање власт во Сирија без Асад.

„Од една страна го има Асад, а од друга ДЕАШ. Ако прашувате кој од нив да избереме не можеме да го избереме ниту едниот. И двете треба да заминат.“ - рече Јилдирим.

Премиерот Бинали Јилдирим воедно додаде дека Турција има за цел да воспостави добри односи со сите соседни земји и дека затоа почна да работи во оваа насока.

Јилдирим рече: „Ги поправивме нашите односи со Израел и Русија.На ред се други земји.Односно ќе продолжиме да го зголемиме бројот на нашите пријатели, а ќе го намалиме бројот на нашите непријатели.“



Слични вести