Ибрахим Калин го обвини меѓународниот систем за неуспешност во ставањето крај на човечките трагедии

Ибрахим Калин во напис за „Дејли Сабах“ под насловот „Од Сребреница до Сирија: Лекции без поука“ потсетува дека доколку глобалната заедница не се сети како стана причина за масакр во Сребреница слични масакри ќе продолжат да се реализираат и во Сирија

529311
Ибрахим Калин го обвини меѓународниот систем за неуспешност во ставањето крај на човечките трагедии

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин предупреди дека доколку глобалната заедница не се сети како стана причина за масакр во Сребреница слични масакри ќе продолжат да се реализираат и во Сирија.

Ибрахим Калин во својот напис за весникот „Дејли Сабах“ на англиски јазик под насловот „Од Сребреница до Сирија: Лекции без поука“ потсетува дека изминаа 21 година од извршениот геноцид пред очите на ОН во Сребреница во источниот дел на Босна и Херцеговина.

Калин укажува на тоа дека причина за убиството на над 8 илјади Бошњаци мажи и деца на начин кој што никако не се разликува од геноцидот кој што беше извршен врз Евреите за време на Втората светска војна беше неуспехот што го покажа меѓународниот систем во џиновски димензии.

„Слична човечка трагедија се доживува во Сирија каде што војната влезе во својата шеста година и повторно меѓународниот систем дозволува да се случува оваа човечка трагедија пред очите на ОН, Европа, САД и останатиот дел на светот. Она што ги поврзува една со друга Сребреница каде што беше извршен најголемиот масакр во центарот на Европа по Втората светска војна и Сирија каде што се води најсмртоносната војна во поблиската историја е заедничкиот неуспех на меѓународниот систем да стави крај на државниот тероризам и на маката што ја трпат голем број луѓе.“

Потсетувајќи дека српските воени единици на чело со Касапот од Босна генералот Ратко Младиќ во јули 1995 година ги разделија илјадници Бошњачки жени од своите мажи и деца, Ибрахим Калин напиша: „Дали ги извлековме потребните лекции од геноцидот во Сребреница и војната во Босна? Ако погледнеме кон судирите и масакрите кои што беа доживеани оттогаш навистина е тешко да се даде позитивен одговор на ова прашање. Дали оние кои ги извршија овие безмилосни злосторства против човештвото можеа да бидат изнесени пред правдата? Со сомнение може да се одговори и на ова прашање.“

„Вистинската морална и политичка лекција која може да се извлече од геноцидот во Сребреница е да се овозможи уште еднаш да не бидат извршени вакви страотни злосторства.“ - вели портпаролот на претседателот Ердоган , Ибрахим Калин во својот напис за весникот „Дејли Сабах“.

 

 



Слични вести