„Пропагандата на тероризмот не спаѓа во склопот на слободата на изразување“

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека не може да се прифати тоа што под покривот на Европскиот парламент се врши пропаганда на една терористичка организација која секојдневно посегнува по животот на турските граѓани

528087
„Пропагандата на тероризмот не спаѓа во склопот на слободата на изразување“

Портпаролот на претседателот на Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека тоа што Европскиот парламент (ЕП) ја рекламира терористичката организација ПКК претставува најотворен доказ за двојните стандарди кои што ги изнесува на дневен ред Турција.

Ибрахрим Калин говореше во рвска со отворањето на изложбата во зградата на Европскиот парламент (ЕП) во белгискиот главен град Брисел на која се изложуваат фотографии на терористичкиот водач на сепаратистичко-терористичката организација ПКК Абдулах Оџалан и на терористите на ПЈД која претставува продолжеток во Сирија на оваа терористичка организација. 

Калин рече: „Не може да се прифати тоа што под покривот на Европскиот парламент се врши пропаганда на една терористичка организација која секојдневно посегнува по животот на турските граѓани.“ 

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин нагласи дека пропагандата на тероризмот не спаѓа во склопот на слободата на изразување и рече: „Се соочуваме со тешкотија да сфатиме што цели Европскиот парламент со тоа што лично го гланца органскиот продолжеток на ПКК која од страна на Европската унија се прифаќа како терористичка организација.“ 

Калин продолжи со следните зборови: „Ако организаторите на оваа изложба овие свои однесувања ги потпираат на тврдењето дека ПЈД војува против терористичката организација ДЕАШ, им препорачуваме да отворат изложби и на Фронтот Нусра, Хезболах и на крволочниот режим на Асад. Од наш аспект не постои никаква разлика меѓу Фронтот Нусра, ДЕАШ, ПЈД и ПКК кои ги убиваат недолжните луѓе и се хранат од крв. По овој повод е сфатена вистинската намера на некои европски политичари кои во секоја прилика ги критикуваат законите во Турција за борба против тероризмот.“



Слични вести