На покана на Русија утре турска делегација ќе замине на разговори во Москва

На покана на Русија турска делегација составена од функционери на неколку министерства и претставници од туристичкиот сектор во земјата утре ќе замине за Москва

528569
На покана на Русија утре турска делегација ќе замине на разговори во Москва

Полека се поставуваат во колосек турско-руските односи кои беа прилично затегнати по случајот со соборување на рускиот воен авион на 24 ноември кој го прекрши турскиот воздушен простор.

На покана на Русија турска делегација составена од функционери на неколку министерства и претставници од туристичкиот сектор во земјата утре ќе замине за Москва.

Во објавеното соопштение од страна на турското министерство за надворешни работи се истакнува дека функционери од Турција и на Русија на 14 јули во четврток во Москва ќе остварат средба посветена на туризмот.

Во соопштението на министерството за надворешни работи се вели следното: „Делегација предводена од нашето министерство во која се наоѓаат и функционери на министерствата за култура и туризам, транспорт, поморство и комуникација и за внатрешни работи како и претставници на туристичкиот сектор на 14 јули во четврток во Москва ќе остварат состанок со своите руски соговорници.“ 

Во објавеното соопштение од министерството за надворешни работи се подвлекува дека цел на посетата која ќе биде остварена на покана на функционерите на Руската Федерација е да се разговара за соработката и односите помеѓу Турција и Русија во сферата на туризмот.

На состанокот ќе бидат разменети мислења посветени на подготовките за повторно започнување на чартер летовите со Русија, како и со цел да бидат утврдени новите сфери на соработка во врска со безбедноста на туристите и мерките кои што се преземаат во оваа сфера и иднината на односите помеѓу двете земји во сферата на туризмот.



Слични вести