Премиерот Бинали Јилдирим: Ќе ги развиеме уште повеќе нашите односи со соседите

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека Турција сите земји ги смета за пријатели и дека и во иднина ќе го унапреди своето пријателство со земјите од регионот на Црното и Средоземното Море со што недораабирањата ќе бидат минимализирани

527380
Премиерот Бинали Јилдирим: Ќе ги развиеме уште повеќе нашите односи со соседите

Премиерот Бинали Јилдирим учествуваше во програмата за обука на политичката академија во Градската управа на АК Партијата во Анкара и во говорот што го одржа во оваа прилика истакна дека Турција ќе ги развие уште повеќе своите односи со соседите.

Велејќи дека Турција сите земји ги смета за пријатели и дека и во иднина ќе го унапреди своето пријателство со земјите од регионот на Црното и Средоземното Море со што недораабирањата ќе бидат минимализирани, премиерот Јилдирим рече: „Ќе вложиме напори и активности за распространување на мирот во нашиот регион и во светот.“

Јилдирим се осврна и на нормализирањето на односите со Израел и Русија во врска со што рече: „Уште повеќе ќе ги развиеме нашите односи со соседите. Не постои причина за да водиме кавга и да ги нарушиме нашите односи со Ирак, Сирија, Египет и со сите земји во регионот. За унапредување на нашите односи пак постојат голем број причини.“ 

Осврнувајќи се на терористичките настани и на борбата против тероризмот пак премиерот Бинали Јилдирим рече: „Наша првенствена цел е да го земеме под контрола тероризмот внатре во Турција и да го симнеме на најдолните места на дневниот ред. Никој да не се обидува да ни дели совети. Никој да не се осмели да запраша зошто не престануваат овие операции. Овие операции нема да престанат. Тие ќе продолжат се додека оваа сепаратистичко-терористичка организација продолжи да ги убива цивилите, продолжи да го вперува оружјето кон нашите војници, полицајци, селските чувари, продолжи да сее страв кај нашите граѓани и да го труе нивниот живот и се додека нашите граѓани можат слободно да шетаат во сите делови на нашата земја.“



Слични вести