Од утре повторно се враќаат високите температури во јужната мраморна област

Температурите во јужната мраморна област на Турција почнувајќи од утре се очекува повторно да преминат во раст и на крајот на неделата до достигнат до 40 степени

528023
Од утре повторно се враќаат високите температури во јужната мраморна област

Од утре повторно се враќаат  високите температури...

Температурите во јужната мраморна област на Турција почнувајќи од утре се очекува повторно да преминат во раст и на крајот на неделата до достигнат до 40 степени. 

Според добиени информации од Генералната дирекција за метеорологија температурите во градовите во јужната мраморна област кои денеска изнесуваат помеѓу 13 и 34 степени почнувајќи од утре ќе се зголемат.

Температурата во Бурса и во некои нејзини населени места кои денеска изнесуваат некаде околу 34 степени на крајот на неделата се очекува да се зголемат на 39 степени, во Баликесир од 33 на 40 степени, во Чанаккале од 31 на 35 степени, а во Јалова од 31 на 36 степени. 

Температурата во туристичките центри на северната егејска област Едремир и Бурханије се очекува да достигнат до 38 степени, а во Ајвалик живата во термометрите се прогнозира дека ќе покажува 35 степени.

Според овие прогнози температурите во јужната мраморна област по поминати долги години ќе се искачат за 6 до 9 степени над просечните највисоки температури во овој дел на земјата.

На крајот на неделата тепмературата во градот Ескишехир се очекува да достигне до 40 степени, а во Ќутахја и Билеџик до 38 степени.

Надлежни кои истакнуваат дека овие температури би можеле да бидат повисоки под сонце ги предупредија граѓаните.



Слични вести