Нова поддршка од Белгија на терористичката ПКК која пролева крв во Турција

Во зградата на Европскиот парламент (ЕП) во главниот ргад на Белгија, Брисел е отворена изложба со фотографии на водачот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и терористите на ПЈД во Сирија која делува како нејзин продолжеток

527956
Нова поддршка од Белгија на терористичката ПКК која пролева крв во Турција

Повторно пристигна поддршка од Белгија на сепаратистичко-терористичката организација ПКК која пролева крв во Турција...

Во зградата на Европскиот парламент (ЕП) во главниот ргад на Белгија, Брисел е отворена изложба со фотографии на водачот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и терористите на ПЈД во Сирија која делува како нејзин продолжеток. 

На изложбата која ќе остане отворена една недела се изложуваат  фотографии на терористи на ПЈД, ЈПГ и ЈПЖ сликани во северниот дел на Сирија каде што делуваат како продолжеток на терористичката организација ПКК.

Во изнесените забелешки под фотографиите некои места во северниот дел на Сирија се дефинираат како „кантони“. 

Европскиот парламент (ЕП) која за воведување на безвизен режим за турските граѓани бара од Турција да направи измена во Законот за борба против тероризмот и претходно закачи крпи кои ја симболизираат терористичката организација ЈПГ.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на неговата остварена посета на Брисел на 30 јуни покажа реакција по ова прашање и рече: „Треба да стоиме далеку од двојниот стандард во врска со терористите и по прашањето на слободата на изразување. Ако денеска не се дозволуваат во Европскиот парламент крпите на ДЕАШ не треба да се дозволуваат и крпите на ПКК. Онака како што не и се дозволува на ДЕАШ да се бави со криумчарење на дрога и криумчарење на луѓе во Европа, не треба да се затвораат очите и пред овие видови активности на ПКК. Така овој двоен стандард за жал го гледаме и по прашањето на слободата на изразување. Треба да бидеме децидни, јасни и принципиелни по ова прашање.“

Турција покажа реакција и на тоа што пред самитот меѓу Турција и ЕУ на 18 март Белгија и дозволи на терористичката организација ПКК да постави шатор зад зградата на Европскиот совет каде што се одржа самитот.

Белгија се наоѓа на чело на земјите во кои делуваат најсилно терористичките организации ПКК и ДХКП-Џ во Европа. Од оваа земја каде што живеат и водачите на терористичките организации емитуваат емисии и телевизиски канали на терористичката организација ПКК.

И не само во Белгија, терористичката организација ПКК делува во уште голем број други европски земји на чело со Германија, Австрија, Данска, Франција, Холандија, Шведска и Грција.

Тоа што и покрај тоа што оваа терористичка организација се наоѓа во списокот на терористички организации на ЕУ не се фрлаат чекори против оваа организација ја привлекува реакцијата на Турција.



Слични вести