Нормализирањето на турско-руските односи ќе обезбеди позитивен придонес за регионот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека процесот на нормализирање на турско-руските односи ќе обезбеди позитивен придонес за регионот

527756
Нормализирањето на турско-руските односи ќе обезбеди позитивен придонес за регионот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Баку каде што допатува во официјална посета се состана со азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров.

По средбата двајцата шефови на дипломатии одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот на која Сергеј Лавров истакна дека процесот на нормализирање на турско-руските односи ќе обезбеди позитивен придонес за регионот.

Лавров додаде дека нормализирањето на односите со Турција ќе им помогне на двете земји да бараат поефикасни заеднички патишта за изнаоѓање решение за сириската криза. 

Сергеј Лавров потсети дека во однос на сириската криза не се поклопуваат целосно ставовите помеѓу двете земји, но напомена дека остварените разговори со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на почетокот на месецот во Сочи починаа конструктивно.

Лавров воедно истакна дека ќе се обидат да водат поотворени преговори за применување на одлуките на Советот за безбедност на ОН и Групата за поддршка на Сирија. 

На прашањето „Какви напредувања беа постигнати во процесот за решавање на проблемот со Нагорно Карабах“, рускиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Не можеме да ги соопштиме деталите во разговорите. На деталите не им беше одделено место и во соопштението на претседателите по средбата во Санкт Петербург. Тоа претставува етичко правило на секој преговор, но овојпат сме поблиску до решение.“



Слични вести