Бинали Јилдирим му честита својот португалски колега Коста за триумфот на ЕУРО 2016

Премиерот Бинали Јилдирим му честита на португалскиот премиер Антонио Коста за освоеното Европско фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016)

528086
Бинали Јилдирим му честита својот португалски колега Коста за триумфот на ЕУРО 2016

Премиерот Бинали Јилдирим го побара по телефон португалскиот премиер Антонио Коста на кого му честита за освоеното Европско фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016).

Во телефонскиот разговор беше нагласена волјата во правец на зголемување уште повеќе на соработката помеѓу двете земји.

Премиерот Јилдирим во разговорот го изрази своето задоволство од соработката помеѓу двете земји и се заблагодари поради поддршката на Португалија на полноправното членство на Турција во ЕУ, а исто така ја даде пораката за спремност за заедничка работа за уште повеќе развивање на соработката.

Португалскиот премиер Антонио Коста се заблагодари за телефонскиот повик и честитката на премиерот Бинали Јилдирим.

Коста рече дека неговата земја располага со волја за унапредување на односите до уште понапреден степен.

Во телефонскиот разговор двајцата премиери постигнаа компромис по прашањето вториот состанок на меѓувладиниот самит помеѓу двете земји по првиот кој што беше одржан во март 2015 година да се одржи во наредниот период во Анкара.



Слични вести