„Во Сребреница му е нанесена тешка рана на човечкото достоинство“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својот говот на церемонијата по повод 21-годишнината од геноцидот во Сребреница истакна дека пред 21 година во Сребреница му е нанесена тешка рана на човечкото достоинство

527334
„Во Сребреница му е нанесена тешка рана на човечкото достоинство“

Пред да бидат погребани посмртните останки на 127 новоидентифкувани жртви од геноцидот во Сребреница во поранешната фабрика за акумулатори во Поточари која во годините на војната во Босна беше користена како база од страна на војниците на ОН беше одржана церемонија за сеќавање на жртвите.

На овдешната церемонија присуствуваше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој пред церемонијата ги разгледа фотографиите посветени на геноцидот во Сребреница закачени на ѕидовите на фабриката, а се потпиша и во спомен книгата во чест на жртвите во геноцидот.

Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека пред 21 година во Сребреница му е нанесена тешка рана на човечкото достоинство и рече дека геноцидот во Сребреница претставува црна дамка за историјата на човештвото и историјата на Европа.

Чавушоглу рече: „Болката која што нашите Босански браќа ја доживеаја во Сребреница и која не може да се опише, денеска сеуште ја чувствуваме во нашите срца. Дури и денеска не излегуваат од нашите сеќавања зборовите на тоа мало босанско дете  кое вели ’Мајко дали војниците малите деца ги убиваат со мали куршуми?’, а чии зборови се врежани во нашите мисли. За да не се доживеат уште еднаш овие болки, не ја заборавивме, нема да ја заборавиме и нема да дозволиме да биде заброавена Сребреница.“

Велејќи дека Турција прави се што е во нејзини раце за поддршка на братскиот босански народ и на босанските младинци, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушголу рече: „Веруваме дека Сребреница онолку колу што е место каде е изгубено човечкото достоинство, ќе стане и место каде што повторно ќе зазеленее човечкото достоинство и ќе блеснат мирот и братството со сребрен сјај како што зборува нејзиното име.“



Слични вести