Напад со автомобил-бомба на жандармериската караула Џевизлик

Безбедносните сили започнаа операција во областа со цел да ги уништат терористите кои го извршија нападот

526217
Напад со автомобил-бомба на жандармериската караула Џевизлик

Терористите на ПКК извршија напад со автомобил-бомба на жандармериската караула Џевизлик во Артуклу кај Мардин.

Според соопштението на Турските вооружени сили, во нападот загинаа три лица, од кои 2 војници и еден цивил.

Во нападот беа повредени 12 лица од кои едно потешко.

Повредените со амбулантни коли беа префрлени на хоспитализација во најблиските болници.

Безбедносните сили започнаа операција во областа со цел да ги уништат терористите кои го извршија нападот.



Слични вести