Борбата против тероризмот и особено ДАЕШ на САД преку ангажманот на ПЈД не е правилен пристап

На преговорите во врска со визната либерализација очекуваме да се изнајде решение во најкратко време

526518
Борбата против тероризмот и особено ДАЕШ на САД преку ангажманот на ПЈД не е правилен пристап

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека борбата против тероризмот и особено ДАЕШ на САД преку ангажманот на ПЈД не е правилен пристап.

Едно од значајните и приоритетни прашања на дневниот ред на Самитот на лидерите на НАТО во Варшава беше борбата против тероризмот.

Портпаролот Калин, во освртот на Самитот рече дека САД ја занемарува и игнорира поврзаноста меѓу ПЈД и терористичката организација ПКК.

Калин остро реагираше против соработката на САД со терористичката организација ПЈД во борбата против ДАЕШ и рече дека формулизирањето на борбата против ДАЕШ преку ПЈД од страна на САД не е правилно како од стратешки така и од тактички аспект. Исто така не е правилно како од аспект на вистините во Сирија така и од аспект на борбата против ДЕАШ и вистините на Турција. Овој пристап индиректно ќе ја охрабри терористичката организација (ПЈД) и ќе и овозможи поинаков легитимитет.

Турција на Самитот уште еднаш на сојузничките земји им ги пренесе барањата во врска со борбата против тероризмот.

Во освртот на преговорите околу визната либерализација со ЕУ, портпаролот Калин рече:

На преговорите во врска со визната либерализација очекуваме да се изнајде решение во најкратко време. Турција е настојчива во вклучувањето на земјата во Шенгенскиот систем. Тоа е право на Турција. Не прифатливо е евентуалното одложување или спречување на стекнувањето на Турција со правото на визна либерализација поради било кои причини. Во суштина, Турција уште пред 10, 20 па дури 30 години требаше да биде вклучена во Шенгенскиот систем. Ние сакаме што поскоро да се реши ова прашање. Моментално продолжуваат преговорите меѓу техничките делегации. Се надеваме дека во најскоро време ќе се изнајде решение на прашањето, рече Калин.



Слични вести