Турција не беше цел на терористичкиот напад

Турција уште во 2013 година ја прогласи ДАЕШ за терористичка организација

525619
Турција не беше цел на терористичкиот напад

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич испрати писмо со критики како одговор на минатонеделниот главен напис на весникот Њујорк тајмс посветен на терористичките напади на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Амбасадорот Килич во колумната „Писма до едиторот“ на весникот потенцираше дека во написот на издавачкиот совет на весникот „По бруталните напади врз Турција“ не беше направен детален осврт на нападот на аеродромот.

Турција не беше цел на терористичкиот напад како што беше изнесено во написот, рече амбасадорот Килич и потенцираше дека Турција уште во 2013 година ја прогласи ДАЕШ за терористичка организација. Турција се бореше против злосторничките мрежи на странските борци и честопати беше оставена насамо во оваа борба и тоа останатите земји пред да бидат свесни за димензиите на овој проблем.

Од 2011 година наваму, Турција на листата на лицата чиј влез го забрани во земјата, вброи над 50 илјади од 145 земји, 3 600 лица од 98 земји депортираше, а над 5100 лица за кои постоеше основано сомнение дека биле членови на терористичките организации ДАЕШ, Фронтот Ал Нусра и Ал Каеда, ги приведе, а 1 654 лица испрати во затвор.

Неоправдани се обвинувањата на весникот дека Турција наводно не води борба против ДАЕШ, рече амбасадорот Килич и подвлече:

Што се однесува до авторитарните власти на земјите во кои согласно процедурите беа испратени сомнителните милитанти на ДАЕШ, истите извршија терористички напади во европските градови. Затоа неоправданото обвинување на Турција поради наводна неактивност и пасивност во борбата против ДЕАШ, претставува безмилосност.



Слични вести