Поимот безбедносна закана поминува низ доста сериозни промени

НАТО треба да биде поактивна и да се обновува наспроти новите закани

525490
Поимот безбедносна закана поминува низ доста сериозни промени

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека поимот безбедносна закана поминува низ доста сериозни промени и дека во тие рамки, НАТО треба да биде поактивна и да се обновува наспроти новите закани.

Пред да замине за Варшава каде што ќе учествува на Самитот на НАТО, претседателот Ердоган одржа прес конференција на аеродромот Ататурк и одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган во оваа прилика посочи на значењето на терористичките напади кои неодамна се случија најпрвин во Истанбул, а веднаш потоа во Ирак и Саудиска Арабија и подвлече дека меѓународната безбедност станува се поскршлива.

Оваа состојба не е само локален проблем кој ги засега Блискиот Исток и некои земји во Северна Африка, туку истовремено има и глобално значење, рече претседателот Ердоган и потенцираше дека денес, освен класичните закани, светот се соочува со нови безбедносни предизвици како што се терористичките организации ДАЕШ, Ал Каеда, ПЈД, ПКК, ЈПГ.

Алудирајќи на имигрантската криза и миграциите, претседателот Ердоган рече дека за продолжување на глобалната стабилност и рамнотежата на силите, солидарноста на пактот, распоредувањето на одвраќањето и обесхрабрувањето претставува еден од основните предуслови, поради што Турција од НАТО очекува поголеми напори против случувањата кои негативно се одразуваат врз безбедноста на земјата.

На едно прашање во врска со односите на Турција со Русија, претседателот Ердоган рече дека пред претстојниот самит на Г20 постои можност кон крајот на месецов или идниот месец да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот Ердоган потенцираше дека на Самитот на НАТО како и на билатералните средби се наоѓаат низа значајни теми кои ќе бидат разгледани како што се случувањата во Ирак, Сирија и додаде:

Не можете да го потцените тоа. Процесот во Сирија трае скоро 6 години. Во текот на овие шест години беа убиени над 600 илјади луѓе. Состојбата во Сирија води кон тоа како да оваа земја ќе биде избришана од историската сцена. Не можете да замижете пред евентуалните намери за бришење на една земја чија историја датира од поодамна.



Слични вести